
Во сенка на неодамнешниот бараж за пласирање на Светското првенство, се одвиваат подготовките на клубовите за четвртфиналето на Лигата на шампионите. Сигурно двомечот помеѓу Баерн и Реал ќе го обележи овој круг на натпреварувањето.
Дека секоја ситница ќе решава, па дури и надворешните фактори, зборуваат зборовите на фудбалерот на Реал, Едуардо Камавинга.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Францускиот репрезентативец на шеговит начин испрати јасна порака до својот соиграч од националниот тим, Михаел Олисе, навестувајќи што го чека во дуелот со „кралевите“.
„Му реков на Олисе: сега сме пријатели, но за две недели, ако треба да те убијам, ќе го направам тоа“, рече Камавинга во интервју за „ЕСПН“.