Дома Фудбал Ако не може Халанд, може друг Скандинавец – Лапорта спремен да плати 150 милиони евра!

Ако не може Халанд, може друг Скандинавец – Лапорта спремен да плати 150 милиони евра!

Ако не може еден Скандинавец, може друг – Ерлинг Халанд остана само желба за Жоан Лапорта, но затоа пак реална можност може да биде – Александер Исак!

Новинарот Хозе Алварез доцна синоќа објави ексклузивна информација дека Швеѓанецот е избран како потенцијално најзвучно засилување за летото во 2025 година.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Иако Роберт Левандовски игра како во најдобрите денови, што го потврди со 31 гол во сите натпреварувања, јасно е дека од лето, кога ќе наполни 37 години, нема да може да игра 50+ натпревари во исто темпо.

Во Барселона се свесни дека на Левандовски му е потребна „поддршка“ и помлад наследник, а идеална е можноста да дојде и малку порано, една година пред да му истече договорот на Полјакот, летото 2026 година.

Хозе Алварез тврди дека во Барселона „сите се заљубени во идејата Исак да биде дел од екипата на Флик“. Од управата со Жоан Лапорта, спортскиот сектор со директорот Деко до Ханси Флик и целата екипа.

Не треба да се заборави дека Барселона ги реши своите финансиски проблеми и конечно од лето може нормално да работи. Жоан Лапорта сака бомбастично засилување за прославата на отворањето на новиот стадион „Камп Ноу“, кој ќе биде реновиран и подготвен за настапи на првата екипа до лето.

Секако, се очекува да заминат некои играчи и да ослободат и платниот буџет и малку да се наполни касата, а тоа сигурно ќе бидат – Андреас Кристенсен, Ансу Фати, потенцијално и Френки де Јонг.

Исак дефинитивно е совршена опција за Барса, има 25 години, дури 11 е помлад од Левандовски и би можел да обележи една ера на реновираниот „Камп Ноу“.

Покрај тоа, тој ја познава и Ла Лига, беше одличен во дресот на Реал Сосиедад од каде летото 2022 година замина во Њукасл за 60 милиони евра.

За Њукасл постигна 54 гола и запиша девет асистенции на 95 натпревари, и моментално е еден од најдобрите напаѓачи во Европа.

Барса сигурно нема да и биде лесно да го донесе, бидејќи се знае од порано дека го следат Арсенал и Ливерпул, но наводно Швеѓанецот преферира заминување во Шпанија кога ќе го напушти Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марсело: Мурињо ме нервираше, Зидан ми даде слобода

Марсело формално ја затвори својата успешна кариера и во интервју истакна значајни моменти…