Дома Фудбал Адеми повеќе не е фудбалер на Динамо Загреб – има и нов клуб!

Адеми повеќе не е фудбалер на Динамо Загреб – има и нов клуб!

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми стави крај на својата долга етапа во Динамо Загреб. Како што соопштуваат хрватските медиуми, играчот и клубот постигнале договор за спогодбен раскин на договорот, кој инаку важеше до летото 2025 година.

По заминувањето од редовите на хрватскиот шампион, Адеми кариерата ќе ја продолжи во унгарскиот прволигаш Ујпешт. Токму таму ќе има можност повторно да соработува со тренерот Дамир Крзнар, поранешниот стратег на Динамо, кој сега го води унгарскиот клуб.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Иако во игра беа и други можни дестинации, според информациите пресудна била желбата на Адеми повторно да работи со познато лице и доверлив тренер како Крзнар.

Со неговото заминување, како и поранешното разделување со Стефан Ристовски, Динамо Загреб би можел да ја започне следната сезона без ниту еден македонски фудбалер во својот состав – доколку не дојде до нови трансфери во преодниот рок.

Фото: GNK Dinamo Zagreb/X

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Санчо кариерата може да ја продолжи во Серија А – ќе игра и во Серија А!

Џејдон Санчо е близу заминување од „Олд Трафорд“, а можна нова дестинација за него би може…