Во последните денови од преодниот рок кој заврши ноќеска на полноќ Лацио се обидуваше да дојде до потписот на српскиот фудбалер Филип Костиќ.
Костиќ го носи дресот на Ајнтрахт Франкфурт и на крајот остана во овој клуб поради бизарна причина.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како што објави италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, Германците на Лацио му дале погрешна имејл адреса. На таа „лажна“ адреса попусто биле испраќани понудите за Костиќ. Целата измама ја открил, Фали Рамадани, менаџерот на Костиќ. Информацијата тој ја пренел на својот клиент, па Костиќ започнал бојкот и одбивал да тренира.
На крајот Лацио ја добил вистиснакта адреса каде што се испратила понудата, меѓутоа понудата била одбвиена. Клубот ја одбил понудата наводно затоа што биле лути на Костиќ поради одбивањето да тренира.
La mail sbagliata per #Kostic alla #Lazio? La vicenda ha un retroscena molto particolare. Ecco come mai il giocatore non si è trasferito in Italia | #calciomercato https://t.co/sjBewGjDGQ
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 1, 2021