Oдличниот и талентиран фудбалер од редовите на Јувентус, Кенан Јилдиз би можел да се пресели во англиската Премиер лига.
Турските медиуми пренесуваат дека Јилдиз е на мета на Арсенал кој на лето ќе направи се за да го доведе во своите редови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Јилдиз има само 18 години, а сезонава на неколку натпревари во Серија А беше старетер и покажа сериозен квалитет, успеа и да го постигне првиот гол во најсилното италијанско првенство.
Тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри неколку пати истакнуваше дека Јилдиз е иднината на Јувентус. Сепак, Арсенал ќе се обиде да го доведе во своите редови. Клубот од Лондон според информациите е подготвен да понуди околу 40 милиони евра во летниот преоден рок.
Одигра Јилдиз веќе и три натпревари за репрезентацијата на Турција, а нема сомневање дека тренерот Винчецо Монтело ќе смета на него и за Европското првенство во Германија во летото кое следи.