Oва се сите опции во групата Д во последното коло.
Моменталната ситуација во групата Д.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хрватска 6 (5:0)
Нигерија 3 (2:2)
Исланд 1 (1:3)
Аргентина 1 (1:4).
Селекцијата на Хрватска и понатаму не 100% прва, одлучува гол-разликата и во случај на пораз од Исланд и убедлива победа на Нигерија над Аргентина би бил втори зад Нигерија, но тоа веќе е научна фантастика.
Какви се опциите за Нигерија?
Тие со бод против Аргентина не се сигурни, би стравувале Исланд да не ја победи Хрватска со 3:0 или повеќе, во тој случај би биле елиминирани. Нигерија ќе бара победа против ранетата Аргентина која во случај на пораз би го завршила Мундијалот уште во групната фаза.
Исланд?
Тие мораат да ја победата Хрватска, немаат друга опција доколку сакаат понатаму. Имаат среќа што можеби Хрватите ќе настапат во комбиниран состав, но тоа не значи и дека ќе победат. Дури и во случај на победат не значи дека би поминале во следната фаза, доколку Нигерија ја победи Аргентина, испаѓаа, доколку
Аргентина победи со два гола повеќе од Исланд (пример, Аргентина слави со 3:0, Исланд со 1:0), повторно испаѓаат.
Значи за нив има две опции
-Победа со реми на натпреварот Аргентина – Нигерија
-Победа со победа на Аргентина која не е за два гола разлика поголема од нивната
Аргентина?
Победата е обврска, зависат од Исланд. Доколку Исланд слави мораат да слават со 2 гола повеќе од нив за да одат во следната фаза. Победа против Нигерија и било кој резултат во натпреварот Хрватска – Исланд, а кој не е победа на Исланд им одговара.