Реал Мадрид неочекувано испушти два бода на домашен терен против Рајо Ваљекано, но тренерот на „кралевите“ Карло Анчелоти смета дека не е време за паника. Реал одигра 0:0, па по 12 кола Жирона изненадувачки е осамена на врвот на табелата со 31 бод, два повеќе од Реал и четири од Барселона.
„Не боли резултатот, но не и натпреварот. Некогаш победуваш кога не го заслужуваш, а другпат не победуваш таму каде што заслужуваш. Заслуживме да победиме овде. Се бориме за шампионската титула и добро ни оди во Лигата на шампионите
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нема паника, но има самодоверба бидејќи не направивме лоши работи против Рајо. Имаме многу офанзивни опции, Белингам не се снајде добро во важни ситуации за голови, но ги создаваа Валверде, Родриго, Хоселу и Винисиус. Недостасуваше реализација“, изјави Анчелоти.
Италијанецот објасни зошто го замени Лука Модриќ со Родриго во 70 минута.
„Сакав да добијам ширина и да сменам формација од 4-4-2 на 4-3-3, да добијам малку на енергија. Модриќ одигра комплетен натпревар. Можев да го извадам Валверде или Камавинга. Никој не заслужи да биде заменет бидејќи одигравме добро. Никогаш не бевме уморни, енергијата беше добра до самиот крај“, се зборовите на тренерот на Реал.