Реал Мадрид има густ и тежок распоред, а Карло Анчелоти доби одлична вест пред продолжувањето на сезоната.
Давид Алаба и Арда Ѓулер се опоравија од повредите и се вратија на тренинзите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Австриецот најверојатно ќе биде подготвен за дербито со Севиља во сабота, додека лекарскиот тим не сака да брза со Ѓулер, кој претходно еднаш се врати, па повторно се повреди.
Враќањето на Алаба е и тоа како важна вест за Анчелоти, бидејќи за Едер Милитао заврши сезоната, а по Севиља гостува и во Барселона.
Освен споменатиот Милитао, надвор од терените е уште и Тибо Куртоа, кој исто така нема да игра до крајот на сезоната.
Реал Мадрид е лидер на табелата во Ла Лига со три бода повеќе од Барселона, на која гостува на 28 октомври, додека дуелот со Севиља е закажан за в сабота од 18:30 часот на „Рамон Санчез Пихуан“.