Дома Македонски спорт Мак ракомет Aлушовски: Победивме ама не сум задоволен од некои работи

Aлушовски: Победивме ама не сум задоволен од некои работи

Во второт около од СЕХА лигата Вардар вчера славеше против Нексе со резултат 27:26.

Тренерот Стевче Алушовски иако неговиот тим славеше победа сепак не беше задоволен од некои работи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Секој натпревар што играме со екипата на Нексе е приказна за себе. Поради нашите грешки тие се враќаа во игра. Имавме модерно, екстра отварање на натпреварот до првиот тајмаут на противниците. Имавме четири разлика, а потоа дојде еден несфатлив пад во нашата игра и нашите технички грешки резултираа со брз гол на противникот. Да бидам искрен не сум задоволен од многу работи. Првпат ќе кажам дека сум разочаран од еден натпревар во врска со тоа како го испочитувавме она што се договоривме пред мечот. Против Војводина одбраната беше добро, но сега среќа што го имавме расположениот Борко на голот. Од утре со ладни глави ќе анализираме што беше лошо, а што добро“, изјави Алушовски.

Новиот натпревар Вардар го игра во четврток против Порто во Лигата на шампионите.

Фото: Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

ПМФЛ: Пресврти на Силекс и Шкупи, Вардар влезе во црна серија

На македонските фудбалски терени денеска се играа натпреварите од ПМФЛ. Екипата на Шкупи с…