Дома Фудбал Англија Aлисон откри каква порака добил од Салах еден ден пред да потпише (видео)

Aлисон откри каква порака добил од Салах еден ден пред да потпише (видео)

Во текот на вчерашната вечер Ливерпул го официјализираше трансферот на бразилскиот голман, Алисон Бекер.

Бекер пристигна во Ливерпул за сума од 75 милиони евра (70+5) со што стана најскапо платениот голман во историјата на фудбалот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


При претставувањето Алисон откри интересен разговор кој го имал со Мохамед Салах со кој беше соиграч во Рома.

„Не бевме често во контакт од кога премина во Рома. Се сретнавме повторно во април кога игравме еден против друг во Лигата на шампионите. Вчера ми испрати порака во која напиша: Еј,, што чекаш? Со оглед дека преговорите беа во завршна фаза, му одговорив веднаш: Смири се на вистинскиот пат сме“.

„Навистина сум среќен што повторно ќе имам прилика да играм со него. Не само за тоа што е одличен фудбалер, тој има силен карактер и е одлична личност, што важна работа“, порача Алисон во изјавата за клупскиот сајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нови промени во Лигата на шампионите. УЕФА со нив има за цел да заработи пет милијарди евра

Лигата на шампионите на УЕФА се игра во нова формација со 36 екипи веќе втора сезона по ре…