Репрезентативецот на Македонија Езгјан Алиоски со Лидс обезбеди пласман во Премиер лигата каде што овој клуб се враќа после 16 години.
Лидс кој е поранешен англиски шампион и сега повторно ќе биде дел од елитата, а Алиоски за англиските медиуми не можеше да ја опише среќата. Македонскиот фудбалер во Лидс е веќе три години, но клубот многу напредуваше кога на клупата седна Марсело Биелса кој го препороди тимот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Неверојатно е чувството да се пласирате во Премиер лигата. Оваа радост и среќа не се купуваат со пари, ова се моменти за уживање, немам зборови со кои можам да опишам како се чувствувам. Со пари радост и среќа не се купува, мораш да ги создадеш“.
Џани има и пофални зборови за Биелса.
„Тој е посебен човек и сите ние можеме да му кажеме само едно големо благодарам. Тој дојде и ни го смени духот и менталитетот. Ни го покажа вистинскиот пат по кој треба да одиме и на крајот успеавме. Од почетокот верувавме дека можеме, ако не верувате не можете да успеете“, изјави Алиоски.