Дома Трансфер зона Aлаба веќе бара куќа во Мадрид, а му помага поранешниот соиграч

Aлаба веќе бара куќа во Мадрид, а му помага поранешниот соиграч

Давид Алаба на крајот на оваа сезона ќе го напушти Баерн како слободен играч затоа што му истекува договорот.

Алаба не се договори со клубот од Минхен за продолжување на соработката и покажа желба за нов предизвик во неговата кариера. Неодамна и Баерн потврди дека си заминува на крајот од сезоната без оштета.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Во редовите на Баерн Алаба пристигна уште како младинец, а за првиот тим дебитираше во 2010 година. После 11 години се реши дека е време за промена и некој нов предизвик.

Многумина сметаат дека Алаба на крајот на оваа сезоан сигурно ќе потпише за Реал Мадрид кој му нуди договор на пет години.

Алаба така во Реал би му се придружил на неговиот поранешен соиграч Тони Крос кој веќе неколку години наназад со голем успех настапува за Реал. Мадритски „АС“ објави дека Алаба веќе и бара куќа во главниот град на Шпанија, а во тоа му помага токму Крос.

Се наведува дека Крос имал голема улога во тоа Алаба да го избере Реал Мадрид. Германецот му објаснил каква е ситуацијата во клубот и што го очекува доколку потпише договор со „кралевите“. „АС“ додава и дека Крос го ангажирал неговиот агент за да му најде куќа во населбата во која живее и тој.

Во досегашната кариера за Баерн Алаба одигра 425 натпревари, постигна 33 гола и подели 52 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно се засилува за нула евра

 Интер тргнува по дефанзивецот на Атлетико, Марио Хермосо, пренесуваат италијанските медиу…