Дома Трансфер зона Aко не ми обезбедиш трансфер во Баерн или Челзи – завршивме: Откриено како Роналдо ставил крај на соработката со Мендеш

Aко не ми обезбедиш трансфер во Баерн или Челзи – завршивме: Откриено како Роналдо ставил крај на соработката со Мендеш

Жорж Мендеш кој повеќе од две децении соработуваше со Кристијано Роналдо од оваа зима повеќе не е задолжен за кариерата на Португалецот.

Сега во медиумите се појавуваат информации за тоа како се разделиле. Првата голема расправија помеѓу Роналдо и Мендеш била во 2018 година кога Мендеш побарал од Португалецот да не заминува од Реал Мадрид, а Роналдо сепак одлучил да потпише за Јувентус.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Втората расправија се случила во 2022 година кога Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед. Мендеш сметал дека враќањето во Јунајтед е погрешен потег, на крајот и се покажа дека бил во право затоа што Роналдо ништо не покажа во својот втор мандат на „Олд Трафорд“.

Конечната разделба меѓу Мендеш и Роналдо сепак се случи оваа зимо. Наводно, Роналдо имал барање кое изгледа како невозможно.

„Обезбеди ми договор со Баерн или Челзи, во спротивно ја завршуваме приказната засекогаш“.

„Ти си луд…“, кратко одговорил Мендеш.

По ваквиот разговор Роналдо донел одлука да стави крај на нивната соработка, а откако не пронајде клуб кариерата ја продолжи во Саудиска Арабија, во Ал Наср.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Погба доби намалување на казната, но Јувентус не го сака: Французинот има две опции

Французинот Пол Погба во текот на вчерашниот ден доби одлична вест бидејќи суспензијата му…