Реал Мадрид се избори за пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите откако во четвртфиналето славеше против актуелниот европски шампион Челзи.
Со тоа ако ја погледнеме историјата наназад таа ни вели дека кога и Реал Мадрид да го елиминирал тимот кој е актуелен европски шампион истата сезона успевал да стигне до титулата во најелитното европско натпреварување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во минатото таква ситуација имало дури четири пати. Во 1998 година Реал во полуфиналето ја победи Борусија, две години подоцна Јунајтед во четвртфиналето. Во 2002 година „кралевите“ биле подобри од Баерн, а против германскиот гигант славеа и во 2014 во полуфиналето.