Како што сега стојат работите ПСЖ изгледа ќе успее да го доведе тренерот кој веќе два пати ги одбиваше.
Унаи Емери по поразот од Реал Мадрид изјави дека се надева на освојување на Лигата на шампионите со Пари Сен Жермен, но според сите светски медиуми, но и изјавата која ја даде сопственикот Ал Келаифи тоа нема да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Емери ќе ја одработи сезоната, „светците“ немаат конкуренција во Фрацнија. Индивидуалниот квалитет на фудбалерите ги решава работите, но вчера видовме дека Европа е нешто поинакво.
Шпанецот нема да добие отказ, но не му е понуден нов договор, како што сега стојат работите повикот ќе биде испратен до Арсен Венгер.
Доколку ПСЖ навистина се одлучи да тргне по Венгер, ова би бил нивни трет обид. Венгер ги одбиваше, но сега е пред отказ во Арсенал и доколку стигне понудата од Париз веројатно нема да ја доби.
Самиот Венгер нема да поднесе оставка, но доколку не се избори за пласман во Лигата на шампионите клубот ќе биде под притисок на навивачите (веќе е) да го промени.