Вардар иако не одигра лош натпревар сепак не успеа да дојде до позитивен резултат против Порто.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Штета што црвено-црните не го искористија одличниот настап на Борко Ристовски кој успеа да собере дури 15 одбрани.
„Честитки до Порто за победата, им посакувам се најдобро во понатамошниот дел од сезоната. На почетокот од мечот бевме добри, посебно во одбраната, додека во нападот имавме проблем. Резултатот се кршеше во последните 10 минтуи, а тогаш грешевме и Порто ги казни нашите грешки. Ќе се обидеме во наредните натпревари да ги поправиме грешките, не чека тежок месец“, изјави Алушовски.
Следниот натпревар Вардар ќе го игра против ПСЖ и повторно на гостински терен.