Дома Фудбал Италија Aлегри потврди: Дибала и Роналдо ќе играат утре

Aлегри потврди: Дибала и Роналдо ќе играат утре

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека утре против Болоња ќе играат Роналдо и Дибала.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


„Бјанконерите“ имаа згуснат распоред и во овој период играат натпревари на секои три дена, а после утрешниот натпревар против Болоња следи натпревар против Наполи, а во текот на наредната недела ги очекува Јанг Бојс во Лигата на шампионите.

Роналдо поради суспензијата нема да игра против Јанг Бојс во вторник, но ќе игра против Болоња и Наполи. Дибала? Да, ќе игра. Против Фросиноне одлично си ја заврши работата и мора да игра“, изјави Алегри.

Стретегот на Јувентус најави и неколку промени, па така ќе брани Перин, Киелини ќе одмара, а под знак прашалник е и настапот на Алекс Сандро, додека од првата минута шанса би можел да добие Брзаљи.

Јувентус и Болоња се сретнуваат утре со почеток во 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алисон се враќа во Серија А, но не во Јувентус

Како што објавува „Кориере дело Спорт“, голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, ќе ги напушти …