Дома Фудбал Италија Aлегри изненади со прогнозата за шампион во Серија А

Aлегри изненади со прогнозата за шампион во Серија А

Поранешниот тренер на шампионот на Италија го изнесе своео мислење и може да се каже дека изненади многумина.

После репрезентативната пауза се враќа клупскиот фудбал. Во Серија А беа одиграни две кола и максимални се само Интер, Јувентус и Торино. Програмата во третото коло ќе ја отвори Јувентус кој гостува кај Фиорентина утре од 15:00 часот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова лето покрај трансферите на играчи во Италија видовме и интересни тренерски промени. Интер го доведе Антонио Конте, додека Сари седна на клупата на Јувентус. Ваквата промена според Алегри може да влијае на трката за Скудетото.

„Во Јувентус освојував трофеи со Марота, но и без него. Во Интер одработи одличен преоден рок. Имаат силен тим, а Конте знае како да ги избалансира. Со тој двоец на чело Интер дефинитивно може да ја освои титулата шампион“, изјави Алегри за италијанските медиуми,

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Вардар поднел иницијатива јужната трибина да го носи името на Рингов, неговата 11-ка оди во историјата!

Екипата на Вардар денеска одржа комеморативна седница посветена на легендарниот Васил Ринг…