Дома Македонски спорт Aврамовски: Италија има огромен квалитет, но и Македонија покажа дека може да игра со големи репрезентации

Aврамовски: Италија има огромен квалитет, но и Македонија покажа дека може да игра со големи репрезентации

Репрезентацијата на Македонија за првпат во својата историја ќе игра во еден бараж за Светското првенство. Ждрепката не ни беше наклонета, па ќе мораме да одиме на дуел со Италија, па ако бидеме подобри во финалето ќе го чекаме подобриот Португалија и Турција.

На сите им е јасно дека Италија е голем фаворит против Македонија. За италијанскиот „Тутомеркато“ свој коментар даде Даниел Аврамовски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тоа ќе биде многу важен натпревар за Македонија. Италија секако има огромен квалитет, но и Македонија покажа дека може да игра со големи репрезентации. Во случај да се пласираме во финалето сакам да играме против Турција“, изјави Аврамовски.

Во овој момент Аврамовски е без клуб после прекинот на соработката со Кајзериспор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…