Дома Фудбал Останато Aбрахам трагичар за Челзи: Ливерпул после пенал рулетот стигна до трофејот во Супер купот (ВИДЕО)

Aбрахам трагичар за Челзи: Ливерпул после пенал рулетот стигна до трофејот во Супер купот (ВИДЕО)

0

Овогодинешното издание на европскиот Супер куп се играше во Инстанбул и во него силите ги одмерија Ливерпул и Челзи. После продолженија резултатот беше 2:2, а до победа преку пенал серијата стигна Ливепрул.

Челзи имаше нешто подобар старт, а првиот гол го видовме дури на десетина минути пред крајот на првото полувреме. Пулишиќ одлично го пронајде Жиру кој го матираше Адриан.

До изедначување Ливерпул стигна на стартот на вториот дел кога Мане ја погоди мрежата на Кепа.

После овој гол следуваше период без многу возбудувања. Регуларните 90 минути завршија со резултат 1:1, па се пристапи кон изведувањето на пенали.

Ливерпул после само пет минути игра во продолжението постигна гол за 2:1, меѓутоа Абрахам се избори за пенал пет минути подоцна, а реализатор на најсторгата казна беше Жоргињо.

Во пенал рулетот Ливерпул ги погоди сите пет први пенали, додека кај Челзи Абрахам кој шутираше последен не реализираше.

За Ливерпул ова беше петти Супер куп во клупската историја.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Видео: Иниеста и Виља со тежок пораз го испратија Торес во пензија!

Фернандо Торес денеска во Јапонија го одигра својот последен натпревар и стави крај на бог…