Дома Фудбал Англија Фелаини не е загрижен поради лошиот старт: Сезоната е долга, се е можно

Фелаини не е загрижен поради лошиот старт: Сезоната е долга, се е можно

Црвените ѓаволи под сите очекувања ја започнаа новата сезона и после четири кола се наоѓаат на средината на табелата со шест бодови, а тоа наведе во изминатите денови да се зборува за отказ на Жозе Мурињо.

Сепак, фудбалерот Фелаини верува дека идат подобри денови и дека неговиот тим и покрај лошиот старт и натаму е во игра што се однесува за Премиер лигата.

„Сезоната е долга, ова е само почеток. Последните две години почнавме одлично, оваа сезона полошо, но треба да продолжиме. Во ПЛ е се можно, па ајде да видиме.“ – изјави Фелаини и додаде:

„Сите мора да му помогнат на тимот и да дадат се од себе. Јас имам искуство, десет години во Премиер лигата. Кога ми дадеш шанса, ја дадам се од себе. Целиот тим играше добро и тоа е најважно.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Давид Силва се враќа на теренот во Хонг Конг

Легендата на Манчестер Сити, Давид Силва, на 40 години повторно ќе игра фудбал, овој пат в…