Дома Топ вести Еден вид нова ера: Заврши ли пријателството помеѓу Реал и супер агентот?

Еден вид нова ера: Заврши ли пријателството помеѓу Реал и супер агентот?

Во последниот ден од преодниот рок Фабио Коентрао го напушти Реал Мадрид, а ова значеше и почеток на еден вид нова ера во таборот на „кралевите“.

Имено, после цели 11 години актуелниот европски шампион во својот состав нема играч кој е застапуван од супер агентот Жорге Мендеш.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Помеѓу големиот број клиенти Мендеш ги застапува: Пепе, Кристиано Роналдо, Коентрао, Родригез и Рикардо Карваљо, фудбалери кои долги години беа дела од шпанскиот гигант.

Треба да се истакне и дека Мендеш знаеше да му помогне на Реал и во трансфери на фудбалери кои тој не ги застапува. Таков беше случајот со трансферот на Анхел Ди Марија од Бенфика во Мадрид, тука супер агентот имаше големо влијание.

Соработката започна во 2007 година кога во Мадрид пристигна стоперот Пепе, потоа следуваа Роналдо и останатите.

Сега, дали навистина повеќе нема да има контакт не можеме да знаеме, но сигурно е дека Реал сега е тим кој не зависи од некоја главна ѕвезда, туку силата на тимот ќе биде колективот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…