Дома Фудбал Останато Шкендија немаше своја вечер: „Тетовци“ промашија два пенали и се простија од Европа

Шкендија немаше своја вечер: „Тетовци“ промашија два пенали и се простија од Европа

Вечерва тимот на Шкендија заврши со настапите во Европа за оваа сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Тетовци“ вечерва запишаа пораз од 0:2 и со вкупни 1:5 го загубија двомечот со Розенборг.

Клубот од Тетово и тоа како има за што да жали, голот за надеж како што беше наречен оној во првиот натпревар можеше да има големо значење доколку македонскиот претставник барем малку го посакаше среќата.

Шкендија започна добро создаде неколку прилики за погодок, а во 20-та минута добија и пенал. Сепак, Бесарт Ибраим не ја реализираше најстрогата казна.

И после промашениот пенал Шкендија не се откажуваше, а на полувреме се замина без погодоци.

После само четири минути игра во вториот дел Шкендија доби нов пенал, а овој пат не реализираше Емини.

Искусна екипа како Розенборг знаеше како да ги казни промашувањата на Шкендија, па Ховланд во 67 минута погоди за 0:1, за во финишот од натпреварот Региниусен да ги постави конечните 0:2

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Скандал на турнирот? ФИФА ја укина суспензијата на американскиот напаѓач (Видео)

Напаѓачот на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави Фоларин Балогун ќе биде до…