Дома Фудбал Останато Официјални состави: Османи ја промени формацијата!

Официјални состави: Османи ја промени формацијата!

Македонскиот шампион Шкендија вечерва му гостува на Розенборг во квалификациите за Лига Европа и ќе се обиде да се пласира во групната фаза од најмасовното натпреварување.

Дуелот на „Леркендал арената“ во Трондхајм стартува со почеток од 20 часот и 45 минути, а веќе се познати официјалните стартни постави.

За разлика од претходниот дуел, тетовчани ќе играат во нова формација. Ќатип Османи наместо стандардната 4-2-3-1, ќе истрча со со 3-4-1-2, со двајца истурени напаѓачи и тоа во Емини и Ибраими.

Шкендија: Захов, Алими, Муслиу, Тотре, Мурати, Жуниор, Емини, Мици, Адили и Нафиу.

Розенборг: Хансен; Хеденштад, Ховланд, Региниусен, Мелинг; Јенсен, Лундемо, Конрадсен; Јебали, Бендтнер, Леви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан го следи Ајари од Брајтон како замена за Модриќ

Милан има интерес за играчот од средниот ред на Брајтон, Јасин Ајари, како потенцијална за…