Дома Фудбал Англија Евертон и Тотенхем без мака, Вест Хем поразен дома (ВИДЕО)

Евертон и Тотенхем без мака, Вест Хем поразен дома (ВИДЕО)

Во рамки на второто коло во Премиер лигата, во терминот од 16 часот се одиграа пет меча.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Очекувано во дуелот помеѓу Тотенхем и Фулам славеше домаќинот благодарение на погодоците на Лукас во 43., Трипие во 74. и Кејн во 77. минута. Сепак коночниот резултат гласеше 3:1, а почесниот погодок го постигна Митровиќ кој погоди во 52. минута за во тој момент израмнување на гостите.

Евертон против Саутемптон на домашен терен славеше со 2:1. Волкот и Ричардсон беа прецизни во 15., односно 31. минута, додека во вториот дел негативата да ја намали успеа Ингс со погодок за гостите во 54. минута.

Лестер благодарение на автоголот на Дорети, а и погодокот на Мадисон во 45. минута, уште во првиот дел ги постави конечните 2:0 против екипата на Вулверхемптон.

Вест Хем неочекувано загуби од Борнмаут на домашен терен со 1:2, додека на мечот помеѓу Кардиф и Њукасл немаше погодоци, кој се одигра нешто порано попладнево.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дибала заминува од Рома: На чекор е од голем трансфер!

Се чини дека се доближува крајот на соработката помеѓу Пауло Дибала и Рома, со оглед на то…