Дома Трансфер зона Mилан се ослободува од вишокот и му нуди нов договор на Патрик Кутроне

Mилан се ослободува од вишокот и му нуди нов договор на Патрик Кутроне

Уште една недела остана до почетокот на новата сезона во италијанската Серија А, а Милан кој изгледа многу подобро откако си замина сомнителниот Кинез ја решава судбината на своите напаѓачи.

Карлос Бака се наоѓа на излезни врати од клубот, негова наредна дестинација се очекува да биде Спортинг Лисабон кој наводно постигнал договор за позајмица на 31 годишниот Колумбиец.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Меѓутоа се уште не е познато дали во договорот ќе има и клазула според која Португалците би можеле во целост да го откупат неговиот договор.

Андре Силва премина во Севиља која ќе има обврска да го откупи наредното лето, како и Никола Калиниќ кој го засили Атлетико Мадрид.

Тоа се напаѓачите на кои клубот нема да смета, а ќе смета на младиот Патрик Кутроне.

Како што пренесуваат италијанските медиуми Милан наскоро ќе му понуди нов договор на Кутроне кој ќе има важност до 2023 година.

Талентираниот напаѓач би требало да биде замена за Гонзало Игуаин кој вчера на својот прв настап за Милан постигна погодок после четири минути игра против неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…