Барселона ова лето одлучи да го продаде колумбискиот фудбалер, Јери Мина во Премиер лигата во екипата на Евертон.
Трансферот е завршен во финишот од преодениот рок во Премиер лигата, а Барса инкасираше 30.2 милиони евра со 2.2 милиони евра бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак шпанските медиуми, поточно „Марка“ тврди дека Барса не се откажала од Мина и може да го врати Мина веќе наредното лето, но за сума од 60 милиони евра.
Мина во Барса помина само шест месеци. Со тоа што на „Ноу Камп“ одигра шест настпревари, но сепак клубот од него заработи повеќе од 20 милиони евра бидејќи од Палмеирас го откупија за вкупно 11.8 милиони.
Колумбиецот големо внимание привлече со фантастичниот настап на Светското првенство во Русија, имаше неколку понуди, а на крајот ја избра екипата од „Гудисон Парк“.
Прилика за деби ќе има веќе во сабота на гостување кај Вулверхемптон.