Дома Трансфер зона Готово: Барса го продаде Јери Мина во Премиер лигата!

Готово: Барса го продаде Јери Мина во Премиер лигата!

Каталонски „Спорт“, весник близок до Барселона потврди дека трансферот на Јери Мина во Евертон е договорен за сума од 32 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изминатиов период имаше многу шпекулации за иднината на Јери Мина, а покрај Евертон силен интерес за Колумбиецот покажуваше и Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ наводно се откажале од преговорите бидејќи неговиот менаџер барал висока плата, но и поради фактот што се блиску до комплетирање на трансферот на Алдервајлед за 60 милиони фунти.

Според каталонски „Спорт“, Каталонците и „карамелите“ си подале рака и трансферот ќе изнесува 32 милиони евра.

Останува уште да се договорат ситни детали, а весникот тврди дека трансферот ќе биде официјализиран во утринските часови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…