Дома Трансфер зона Мурињо испрати понуда за Ковачиќ, но…

Мурињо испрати понуда за Ковачиќ, но…

Раководството на Манчестер Јунатед испратило официјална понуда за плејмејкерот на Реал Мадрид Матео Ковачиќ, пренесува „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот кој е близок до „кралскиот“ клуб откри и детали од понудата и тврди дека „црвените ѓаволи“ понудиле 60 милиони евра за потписот на Ковачиќ.

Меѓутоа „Марка“ тврди дека самиот Ковачиќ не сака трансфер на „Олд Трафорд“ бидејќи смета дека стилот на игра на „црвените ѓаволи“ не е погоден за него.

Ковачиќ сака да го напушти Реал Мадрид бидејќи сака поголема минутажа. Англиските медиуми пренесуваат дека Челзи исто така стапил во контакт со Хрватот и сака да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

„Марка“ тврди дека новиот тренер на „кралевите“, Лопетеги ќе се обиде да го убеди Ковачиќ да остане бидејќи во него гледа идеална замена за Модриќ и иден носител на играта на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…