Бразилецот вечерва потпишува!
Помалку од 24 часа и беа потребни на Барселона да го „украде“ веќе договореното засилување на Рома. Толку бараниот офанзивец, Малком е третото засилување за Барселона ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вчера Бразилецот беше веќе виден како нов фудбалер на Рома бидејќи Бордо ја прифати понудата на „Волчицата“ вредна 32 милиони евра, плус бонуси, а играчот потпиша договор вреден 2.5 милиони евра годишно.
Веќе беше на аеродромот чекајќи авион за Рим каде што доцна вчера вечер пристигна понудата од Барселона која изнесуваше 41 милион евра и три преку бонуси. Бордо автоматски ја прифати, а потоа „да“ кажа и Малком кој не сакаше да ја пропушти приликата да заигра за каталонскиот гигант.
Додека во Италија го чекаа тој се договраше со Барсело и се договори. Ќе добие договор на пет години вреден 3.5 милиони евра плус бонуси.
Малком е веќе на пат за Барселона, денес ќе ги помине лекарските прегледи и ќе биде претставено како ново засилување за Каталонците ова лето. Пред него Барса ги доведе играчот за врска Атрур и стоперот Ленглет.