Дома Трансфер зона Се „крчка“ трансферот на Пјаниќ во Премиер лигата

Се „крчка“ трансферот на Пјаниќ во Премиер лигата

Играчот на Босна, Миралем Пјаниќ најверојатно во следната сезона нема да го носи дресот на Јувентус.

Одличниот играч се поврзува со многу клубови, а ако може да им веруваме на италијанските и англиските медиуми, се е поизвeсен неговиот трансфер во Манчестер Сити. Имено, откако што Јоргињо го измами Гвардиола и си отиде во Челзи, шпанскиот стратег го сака Пјаниќ и како што се пишува, наскоро на адресата на Јуве ќе испрати официјална понуда.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Се шпекулира дека „Граѓаните“ ќе испратат 65 милиони евра, додека во Старата дама се надеваат дека ќе заработаат 100 милиони евра, но не е исклучено дека заинтересираните страни ќе се најдат на половина пат. Наводно и новиот менаџер на Пјаниќ, Фали Рамадани разговарал со управата на Јуве и им кажал дека наскоро на нивната адреса ќе пристигне официјална понуда.

Ситуацијата, ако може да веруваме на странските медиуми се „крчка“ и не е исклучено во следните денови да се спушти завесата на трансферот на Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…