Легендата на светскиот фудбал, Брајан Лаудруп откри бомбастичен трансфер и изјави дека Еден Азар ова лето ќе се пресели во Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Лаудруп за медиумите откри дека разговарал со Азар, кој лично му признал дека се сели на „Сабтиаго Бернабеу“.
„Пред неколку дена зборував со Еден Азар и тој ми кажа дека ќе оди во Реал Мадрид ова лето. Ќе биде добро и за него и за Реал бидејќи Един е фудбалер од светска класа“, изјави Лаудруп.
Не е тајна дека Реал Мадрид е исклучително заинтересиран за потписот на Азар во кого гледа идеална замена за Роналдо.
Притоа, самиот фудбалер пред два дена призна дека е спремен да го напушти Челзи и да започне нова авантура.