Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Зборнаја“ се надева на домашниот терен, „коцкестите“ сакаат да го освојат светот

„Зборнаја“ се надева на домашниот терен, „коцкестите“ сакаат да го освојат светот

Вистинските возбудувања на Мундијалот започнуваат со елиминациската фаза, а денес на програмата имаме два осминафинални дуели.

Денес во 16 часот на „Лужники“ стадионот во Москва за билет во четвртфинале ќе се борат домаќинот Русија и еден од фаворитите за трофејот, репрезентацијата на Шпанија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Зборнаја“ стартуваше со две високи победи и беше едно од пријатните изненадувања во групната фаза. Иако се аутсајдери во овој дуел, Русите сигурно можат да и направат проблеми на Шпанија водени домашната публика во Москва. „Црвената фурија“ не блескаше во натпреварите од групната фаза, иако доминираше, сепак многу лесно допушташе голови во својата мрежа. Двете репрезентации одигра пријателски меч пред Мундијалот кој заврши без победник (3:3), а тоа е одличен показател дека не чека возбудлив меч денес на „Лужники“.

Веројатни состави:

Шпанија: Де Геа, Карвахал, Пике, Серхио Рамос, Алба, Бускетс, Коке, Иниеста, Иско, Диего Коста, Аспас.

Русија: Акинфеец, Фернандес, Кутепов, Игнашевич, Кудрјашов, Жирков, Зобнин, Кузјаев, Газински, Головин, Џуба.

Според букнејкерите Шпанија е голем фаворит на овој меч. Па така коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.57 за реми 3.95 додека за победа на Русија коефициентот е 7.70.

Вториот ден од елиминациската програма ни го носи и дуелот помеѓу Хрватска и Данска кои ќе ги одмерат силите во 20 часот во Нижни Новгород. „Коцнестите“ се едно од најпријатните изненадувања на Мундиналот. Супериорно ја поминаа групната фаза со три победи и само еден примен гол.

Со право се прават споредби помеѓу оваа репрезентација на Хрватска и ѕвездената од 1998 година, која го освои третото место на Мундијалот. Репрезентацијата предводена од Лука Модриќ е фаворит за висок пласман, но на патот стои незгодната данска репрезентација.

Двете репрезнетации за прв пат ќе се сретнат на светските првенства. До сега имаат одиграно 5 меѓусебни натпревари и балансот е израмен – по две победи и едно реми. Данците се потпираат на цврстата одбрана и на талентот на Кристиан Ериксен, кој може да блесне во секој момент.

Веројатни состави:

Хрватска: Субашиќ, Врсаљко, Ловрен, Вида, Стриниќ, Ракитиќ, Модриќ, Бадељ, Ребиќ, Перишиќ, Манџукиќ.

Данска: Шмајхел, Кристенсен, Кјаер, Далсгард, Шоне, Делејни, Систо, Ериксен, Поулсен, Јоргенсен.

Според букнејкерите Хрватска е благ фаворит на овој меч. Па така коефициентот за победа во Coinbet24 изнесува 1.80 за реми 3.30 додека за победа на Данска коефициентот е 5.20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…