Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонскиот ракометар рипна во тавче – Талески во Крушево се заколна на вечна љубов (ФОТО)

Македонскиот ракометар рипна во тавче – Талески во Крушево се заколна на вечна љубов (ФОТО)

Нашиот ракометен репрезентативец Филип Талески го кажа судбоносното „ДА“. Тој стапи во брак со својата избраничка Елена Секуловска, а се регистрирале во неговото родно Крушево.

Талески, кој инаку настапува за екипата на Рајн Некар има 22 години, а неговата сопруга е од Битола и живее во Германија.

Со ова и тој влегува во групата на ракометари во сениорскиот состав кои се во брак, а како изгледаше на регистрацијата можете да погледнете во продолжение од фотографиите објавени на неговиот Фејсбук профил.

Нека им е со среќа!

Извор: Јавно.мк

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Грција со пораз од девет гола го чека дуелот со Македонија во Халкида

Шведска ја совлада Грција со 33:24 во квалификациите за ЕП 2028. Македонските ракометари в…