Главна трансфер цел на Пари Сент Жермен во летниот преоден рок ќе биде играчот за врска на Челзи, Нголо Канте, пренесуваат англиските медиуми.
Приоритет за „светците“ ќе биде квалитетен играч за врска, а медиумите тврдат дека се спремни да платат неверојатни 90 милиони фунти за потписот на Канте.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
26-годишниот француски репрезентативец е еден од најдобрите играчи за врска во Европа.
Тренерот Томас Тухел смета дека Канте може да му ја даде потребната цврстина во средниот ред и дека ќе биде идеален партнер на Верати.
Челзи сигурно нема лесно да се откаже од Французинот, но ПСЖ нема да жали пари и е спремен да понуди цело богатство.
Paris St-Germain want to sign Chelsea's French midfielder N'Golo Kante. PSG are willing to play £90m to bring the 26-year-old to the club. (Mirror)
— Transfer Centre (@CentreTransfer) June 16, 2018