Првата ѕвезда на Бразил и најскапиот фудбалер во светот, Нејмар не криеше дека никогаш не слушнал за еден од најдобрите српски фудбалери.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Непосредно пред почетокот на Мундијалот во Русија, Бразилецот раговараше со Србинот Давид Вујаниќ кој работи за „Копа 90“ и живее во Лондон.
Со Нејмар тој разговараше за очекувањата на ѕвездата на „Кариоките“, но и го запраша за еден од најдобрите фудбалери на Србија. Бразил со нашиот сосед ќе се сретне во последното коло од групната фаза.
„Нашите очекувања за овој Мундијал се големи и се надевам дека ќе направам нешто големо. Тоа е мој сон, ова за мене е второ Светско првенство и се надевам дека можам да му помогнам на Бразил и да ја израдуваме нашата земја“, изјави Нејмар.
Потоа Нејмар доби прашање дали слушнал за Митровиќ од Фулам кој важи за еден од најдобрите фудбалери на „Орлите“.
Одговорот на Нејмар беше краток: „Не…“
Сега, овој одговор на Бразилецот може да послужи како дополнителен мотив за Митровиќ да даде се од себе во натпреварот против Бразил.