Фудбалскиот свет беше серизно разнишан минатото лето кога Нејмар за 222 милони евра потпиша за ПСЖ кој ја активира откупната клаузула за бразилскиот играч.
Кога Барселона одлучи да ја продолжи соработката со Нејмар изгледаше дека откупната клаузула од 222 милиони евра е доволна за да го задржи Бразилецот во овој клуб уште неколку години. Сепак, само десет дена откако што договорот стапи во сила, Нејмар ја напушти Барса и се пресели во ПСЖ.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Парижаните ја активираа неговата откупна клаузула и платија дури 222 милиони евра за овој играч. Изгледа дека во Барселона повеќе не сакаат да прават такви грешки, а тоа го покажаа претходните година дена. Каталонците ги продолжија договорите со неколку играчи кои сега во своите договори имаат неверојатни откупни клаузули.
Прв кој ја продолжи соработакта до летото 2021. година беше Лео Меси, а неговата откупна клаузула изнесува вртоглави 700 милиони евра. Пике одлучи да осане во клубот до летото 2022. година со клаузула од 500 милиони евра. Истата клаузула имаат Серхио Роберто и Самуел Умтити.
Скапо платените засилувања Кутињо и Дембеле имаат откупна клаузула од 400 милиони евра. Дембеле има договор до летото 2022. година, а Кутињо има една година поголем договор.