Поради тоа работата се уште не е завршена, повеќе изгледа не е ни сигурно дали ќе биде. Се ќе биде познато најверојатно за една недела.
И понатаму се чека потврдата Џанлуиџи Буфон да стави потпис на договор со Пари Сен Жермен, но изгледа се појави проблем.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прво, тука е казната на Буфон од УЕФА која би можела да биде четири натпревари што веројатно би влијаело на „светците“, сепак сигурно не би ги спречило да го доведат.
Проблемот е во нешто друго. За една недела ПСЖ ќе биде пред УЕФА, ги чека истрага околу ФФП.
Таа нема да биде исфрлување од европските натпреварувања, но би можела да подразбира блокада на бројот на играчи, ограничување на плата, но и регистрација на фудбалери за Европа.
Тоа е вообичаена казна и му се случи на Интер пред неколку сезони во Лига Европа. Ако тоа се случи од договорот помеѓу Буфон и ПСЖ нема да има ништо. ПСЖ сигурно не би го платил
Буфон осум милиони евра по сезона за само да брани во домашното првенство во кое и онака немаат конкуренција.