Ливерпул синоќа на официјалната страница објави дека Фабињо е нов играч на англискиот клуб во кој стигна од Монако.
Фабињо веќе некео време беше цел на многу клубови, но на крајот одлучи кариерата да ја продолжи во Ливерпул. Според пишувањето на англиските медиуми, Ливепрул за овој играч платил околу 50 милиони евра и тој би требало да биде замена за Емре Чан кој најверојатно ќе потпише за Јувентус.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, вистинска драма се случувала синоќа што се однесува на трансферот на Фабињо. Монако и Ливерпул усно успеале да се договорат, но во последен момент се вклучил Арсенал и се обидел да ја расипе работата на „Црвените“.
Наводно, „Топчиите“ го контактирале Монако и му кажале дека се подготвени да го платат износот како Ливерпул. На крајот се било на Фабињо кој одлучил да го избере Ливерпул пред Арсенал, бидејќи веќе пристигнал на „Енфилд“ на лекарски прегледи.