Дома Фудбал Останато Меси се отвори: За иднината во Барса, Иниеста, Игуаин, семејството, славата…

Меси се отвори: За иднината во Барса, Иниеста, Игуаин, семејството, славата…

messi

Лионел Меси не беше познат како некој кој сака да зборува за медиумите, но како што одминуваат годините Аргентинецот е се повеќе отворен.

Таков е случајот посебно кога зборува за аргентинските медиуми, таков беше случајот и сега. Зборуваше за Светското првенство, но доби и прашања поврзани за Игуаин, Марадона, животот надвор од фудбалот…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На почетокот – дали планира да ја заврши кариерата во Барса?

„Секогаш ми е се повеќе јасно дека Барселона ќе биде мојот единствен клуб во Европа, но веќе кажав дека би сакал да играм и во аргентинскиот фудбал. Не знам дали тоа ќе се случи, но го планирам. Тоа би било во Њуелс и никаде на друго место. Би сакал да играм барем шест месеци, но никогаш не можете да знаете што ќе се случи“, изјави Меси.

Простувањето на Андрес Иниеста од Барса?

„Нема да ми недостасува само на мене, тој ќе недостасува на целиот фудбалски свет, иако продолжи да игра. Ќе ми биде чудно што нема да можам да го гледам секој ден, да тренирам со него, да играм со него. Неговото место тешко ќе биде пополнето“.

Атмосферата во репрезентацијата пред Мундијалот?

„Имам доверба во ова група на играчи. Добро работиме, имаме капацитет и искуство. Но мораме да бидеме смирени, да не испраќаме лесно пораки како – ќе бидеме шампиони затоа што сме најдобри. Реалноста не е баш таква“.

Гонзало Игуаин?

„Многу е опуштен, свесен е што доаѓа. Ова е одлично прилика за реванш, повторно да биде во репрезентацијата. Сака да постигнува голови. Овој тим претрпи многу критики, но игравме три финалиња и со самото тоа стануваме посилни“.

Групата на Аргентина на Светското првенство?

„Имаме тешка група, Исланд е тим кој на последното Европско првенство покажа дека може да биде незгоден противник за секого. Хрватска има страшен среден ред, тоа е шпански стил на игра. Нигерија секогаш била незгодна“.

Односот со Диего Армандо Марадона?

„Многу сум среќен кога тој зборува добро за мене и репрезентацијата. Сите знаеме што значи Диего за оваа земја, секој негов збор, е свет збор“.

Малку за славата како еден од најдобрите фудбалери во светот?

„Благодарен сум на тоа како луѓето се однесуваат кон мене. Но вистина е дека некогаш сакам да поминувам незабележително, најмногу кога сум со семејството, да се дружам со нив секако. Затоа многу купувам преку интеренет и тоа ми здосадува. Кога некогаш ќе отидам до трговскиот центар, не застанувам, доколку застанам, нема да можам да излезам“.

За синот Тиаго?

„Тиаго има пет години. Оди на терен, започна да гледа натпревари со мене на ТВ. Сакам кога игра, но не правам никаков притисок на него“, заврши Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…