Дома Фудбал Останато Сите го избегнуваат прашањето Меси или Роналдо, само Лев секогаш го одговара

Сите го избегнуваат прашањето Меси или Роналдо, само Лев секогаш го одговара

До почетокот на Светското првенство во Русија останаа уште само 19 дена, а подготовките за најголемиот спектакл во светот на фудбалот веќе започнаа.

Селекторот на актуелниот светски шампион, Германија, Јоаким Лев даде изјава за германските медиуми во која, измеѓу останатото, зборуваше за Роналдо и Меси. Лев одлучи да открие дека за него Меси е подобар од Роналдо.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Ќе останам со претходното мислење дека Меси е подобар од Роналдо. Роналдо е сензационалец, голем професионалец и неверојатна гол машина со години, но едноставно Меси е најкомплетниот играч што некогаш сум го видел во мојот живот“, изјави Лев и додаде:

„Асистенциите на Меси се генијални и последните десет сезони секоја година постигнува околу 50 гола, но исто така има барем 30 асистенции што за мене е неверојатно. Да бидеш комплетен мораш да имаш повеќе од постигнати голови“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…