Дома Топ вести Каква доминација: Меси „растури“ во Ла Лига оваа сезона!

Каква доминација: Меси „растури“ во Ла Лига оваа сезона!

Аргентинецот во сезоната во која е зад нас е најдобар во дури осум статистички категории!

Пред се, најдобар стрелец. Постигна 34 погодоци во шпанското првенство, а тоа му го ја донесе „златната копачка“, петта во кариерата. Треба да се истакне дека тоа не му успеало на никого.

Освен тоа, Меси е најдобар асистент во Примера, 12 пати им асистираше на своите соиграчи. Создаде и најмногу шанси за погодок (87).

Имаше најмногу успешни дриблинзи (185), најмногу удари кон противничкиот гол (197), најмногу креирани шанси од центар шут (11).

Постигна најмногу голови надвор од шеснаесетникот (8) и најмногу голови од слободен удар (6).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус го раскина договорот со едно од своите најголеми промашувања во историјата

Италијанскиот спортски гигант Јувентус денес потврди дека договорот со бразилскиот фудбале…