Еден од најдобрите тренери во светот, Карло Анчелоти се враќа на работа.
На почетокот на сезоната која е зад нас, 58-годишниот стратег доби отказ во Баерн Минхен. Иако имаше богати понуди одлучи да почека до крајот на сезоната и да превземе проект што му се допаѓа, а на крајот се одлучи за екипата на Наполи.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Анчелоти синоќа направи преговори со претседателот на клубот. Последните информации од Италија тврдат дека договорот е постигнат и дека одличниот стратег во следните две години ќе го води тимот од „Сан Паоло“. Договорот е вреден вкупно 13 милиони евра, а преостана уште Карло со претседателот да се договори околу инвестициите во играчкиот кадар, бидејќи Анчелоти сака тим кој ќе се бори за Скудетото.
Неговото преземање на Наполи значи дека клупата на овој тим ќе ја напушти Маурицио Сари кој се поврзува со превземање на тренерската позиција во Челзи. Анчелоти така речиси по 10 години се враќа во италијанскиот фудбал, каде што претходно ги водеше Милан, Јувентус, Парма и Региана, а со многу успех ги водеше и Челзи, ПСЖ, Реал и Баерн.