Мауро Икарди имаше уште една одлична сезона во Интер, па многу европски гиганти се заинтересирани да го видат во своите редови.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Икарди во договорот со Интер има откупна клаузула од 110 милиони евра, а неговата сопруга и менаџер Ванда Нара потврди дека неколку клубови се спремни да ја платат.
„Има некои големи клубови кои се подготвени да ја платат откупната клаузула која е многу висока, но гледајќи ги сумите кои циркулираат во фудбалот сега и тоа каков играч е Мауро, таа сума не е некоја посебна“, изјави Ванда Нара, која додаде дека сепак приоритет е Интер.
„Има многу клубови кои притискаат, но негов приоритет е Интер. Ќе имаме состанок со спортскиот директор, па ќе ги разгледаме сите опции. Меѓутоа, негов приоритет останува Интер“, додаде убавата Аргентинка.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Икарди сигурно ќе остане во Интер и следната сезона и дека наскоро ќе потпише нов, побогат договор со „нероаѕурите“.