Јувентус уште еднаш ја потврди доминацијата во Италија и оваа сезона го освои 7-то последователно Скудето.
Иако многу се шпекулираше со иднината на тренерот Алегри, веќе нема дилеми, ќе остане во Торино и ќе потпише нов договор тежок 7,5 милиони евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во следните денови раководството и Алегри ќе имаат состанок за да направат план за преодниот рок, но медиумите веќе ги открија имињата.
Јасно е дека на „старата дама“ ќе и бидат потребни бекови бидејќи Асамоа и Лихштајнер заминуваат, а Алекс Сандро ќе биде продаден.
Од Аталанта се враќа левиот бек Спинацола, ќе пристигне Матео Дармијан од Манчестер Јунајтед, меѓутоа Јувентус ќе купи уште еден бек, а се лецитира со имињата на Лукас Дињ од Барселона и Бернард од Баерн Минхен.
Во средниот веќе пристигна Емре Чан, а раководството сака да донесе и наследник на Маркизио. Најголемата желба е Бонавентура од Милан, а како алтернатива се споменува Рабио од ПСЖ.
Нападот е доволно силен и нема да претпи големи промени, а единствен кој ќе замине ќе биде Марио Манџукиќ.
Како замена на Хрватот раководсвото сака да го донесе Алваро Мората од Челзи или Марсијал од Манчестер Јунајтед.