Неуспехот во намерата да го доведе Кристиано Роналдо во Арсенал за Венгер е најголемата грешка што ја направил на клупата на „Топчиите“.
Во текот на 22. сезони во Лондон Французинот успеа во клубот да ги доведе најдобрите играчи во лигата, но 68-годишниот Венгер засекогаш ќе жали за Португалецот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таа 2003. година Роналдо се одлучи за Манчестер Јунајтед со кого потоа освои три титули во Премиер лигата, ФА Куп и Лига на Шампионите, пред што во 2009. година се пресели во Реал Мадрид.
„Единствениот кој го пропуштивме, а ми доаѓа на ум, Кристиано. Беше со мајка му овде и бевме блиску до договор. Потоа во целата приказна се вклучи Манчестер Јунајтед. Таа година тие играа со Спротинг, а Роналдо беше одличен во тие натрпевари. Замислете што би имале со Анри и Роналдо… Тоа сигурно барем малку би ја сменило нашата историја“, изјави Венгер.
Венгер призна дека клубот од Лондон не можеше да се натрпеварува со понудата од 16 милиони евра која пристигна од Манчестер.