Дома Фудбал Останато Реал сериозно заинтересиран за проектот на ФИФА: Привлечно натпреварување за клубот и навивачите

Реал сериозно заинтересиран за проектот на ФИФА: Привлечно натпреварување за клубот и навивачите

Мадридски Реал одлучи да ја прифати понудата на ФИФА за учество на светското клубско првенство кое би требало да започне во 2021. година.

ФИФА има пеколен план да организира натпреварување од 24 клубови во 2021. година со огромен награден фонд и овој план го претстави пред најголемите клубови од Европа.


Да се биде или не за Данска и Србија! ↓↓↓


Челниците на Кралевите се заинтересирани за играње на ова натпреварување, а тоа го потврди и еден од директорите Емилио Бутрагуено.

„Сметаме дека навивачите би биле заинтересирани за ова натпреварување, а и за нас е доста привлечно. Тоа ќе биде натпреварување на најдобррите клубови од Европа и другите континенти и веруваме дека за навивачите че биде интересно да се видат дуелите со најдобрите тимови.“

Натпреварувањето кое би го организирала ФИФА ќе се одржува во јуни и јули секоја втора година, а ФИФА верува дека ова натпреварување ќе биде возбудливо за фудбалскиот свет.

Исто така, медиумите и спонзорите покажаа голем интерес за ова натпреварување и заработката на ФИФА би била голема, а само дел од колачот ќе им припадне на клубовите.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Србија елиминирана, Словенија во осминафинале

Двата натпревари во Групата Ц завршија без голови, па крајниот исход е таков што Србија ка…