Уругвајскиоит напаѓач Луис Саурез би можел ова лето да ја напушти Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.
Веќе е познато дека на „Камп Ноу“ ќе пристигне Антоан Гризман, а токму Суарез може да биде напаѓачот кој ќе биде „жртвуван“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанските медиуми тврдат дека Барселона е спремна да се раздели со Суарез и дека 31-годишниот напаѓач би можел да се врати во Ливерпул.
Јирген Клоп покажува сериозен интерес за Уругваецот и смета дека со своето искуство и квалитетн значително ќе го засили тимот.
Суарез токму од „Енфилд“ се пресели во Барселона, а за „црвените“ одигра 133 натпревари на кои постигна 82 гола и стекна легендарен статус кај фановите.
Покрај Ливерпул интерес за Суарез покажуваат и миланските гиганти Милан и Интер.