Дома Трансфер зона БОМБА од италијанските медиуми: Буфон има понуда од Ливерпул!?

БОМБА од италијанските медиуми: Буфон има понуда од Ливерпул!?

Џанлуиџи Буфон денес со почеток во 11:30 часот ќе одржи прес-конференција на која се очекува да ја соопшти својата одлука за иднината на неговата кариера.

Фудбалскиот свет очекува легендарниот голман да стави крај на својата блескава кариера и останувањето на голот на Јувентус е опција на која и се даваат најмали шанси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Буфон неодамна доби понуда од аргентинскиот гигант Бока Јуниорс, а непосредно пред конференцијата се појавуваат изненадувачки информации.

Наводно, Буфон добил понуда од англискиот гигант Ливерпул!

Како што се наведува „црвените“ се спремни да му понудат договор на една година на искусниот голман.

Да потсетиме, неговата сестра во текот на вчерашниот ден за „Тутоспорт“ имаше интервју во кое истакна дека нејзиниот постар брат не е спремен да каже збогум на фудбалот.

Сепак, прес-конференцијата се одржува денес од 11:30 часот и веројатно после истата многу работи ќе бидат појасни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…