Дома Фудбал Меси: Не се натпреварувам со Роналдо, Немар во Реал би било ужасно!

Меси: Не се натпреварувам со Роналдо, Немар во Реал би било ужасно!

Лионел Меси со години го импресионира фудбалскиот свет со своите настапи во дресот на Барселона, па често се шпекулира за неговата иднина.

Меси како дете пристигна во Каталонија од родната Аргентина и уште еднаш потврди дека нема намера да ја напушта Барселона.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Не сум во искушение да ја напуштам Барселона. Нема подобар клуб од Барселона и ако не сум во овај клуб, тогаш не би играл никаде. Ова е најубавиот град на светот, моите деца овде растат и не им требаат промени“, изјави Меси.

„Се борам да освојам се, а со Барса го можам тоа. Немам потреба да одам на друго место за да го постигнам тоа“, додаде Аргентинецот.

На крајот на интервјуто Меси напомена дека би било „ужасно“ да го види Нејмар во дресот на Реал Мадрид.

„Би било ужасно да го видам во Реал, поради се што направи за Барселона. Тоа ќе биде голем удар за нашите навивачи. На фудбалско ниво јасно ми е дека Реал ќе биде сериозно посилен со Нејмар во тимот“, смета Меси, а потоа потенцираше дека тој не се натпреварува со Роналдо.

„Јас не се натпреварувам со Роналдо, тоа не е моја цел. Сакам секоја година да ја освојувам Лигата на шампиони и Примера. Да освојам се на клупско и репрезентативно ниво. Не ме интересира дали ќе имам повеќе индивидуални награди од Роналдо“, заклучи Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пиш…